Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.
Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.
Соопштенија
Пост законодавен надзор во националната легислатива за животна средина и климатски промени
Во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ на 24 април 2025 година во Скопје организиравме настан за презентација на методологијата за ПЗН (Пост Законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климатските промени во...
Создавање на заедничка стратегија за комуницирање на климатските цели
Климатските промени се еден од најсериозните проблеми со кои се соочува светот денес. Ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, нивното здравје и производството на храна. Како земја која ги трпи последиците од климатските промени, но нема финансиски средства да се...
Поддршка на климатските цели преку локални климатски акции
Инсталирање на фотоволтаици на покривот на Центарот за рехабилитација „Избор“ во Струмица, како и на покривот на старото училиште во Белица кое служи како едукативен центар, изработка на шест локални акциони планови за животна средина, мобилизирање на заедниците за...
Публикации
Изградбата на автопати и заштитата на животната средина
Документот „Изградбата на автопати и заштитата на животната средина“ ги сумира сите досегашни сознанија поврзани со изградбата на автопати, правната регулатива, правото во ЕУ и потребата од зелена инфраструктура. Документот за јавни политики дава конкретни заклучоци и...
Зошто имаме предзвик во обезбедување на суштинско учество на јавноста во одлуките поврзани со животната средина?
Европската комисија во континуитет укажува на предизвици во однос на суштинското учество на јавноста во постапките поврзани со животната средина, а на вакви предизвици укажуваат и македонските граѓански организации. Македонија ја има ратификувано Архуската конвенција,...
Животната средина во средното образование
Улогата на образованието во однос на заштитата на животната средина е препознаена во повеќе меѓународни документи и во македонското законодавство. Образованието треба да служи за унапредување на разбирањето на животната средина и одржливиот развој и да поттикне широка...
Мисија
Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.
Визија
Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Цели
- Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
- Имплементирање на локални климатски акции
- Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
- Јакнење на интерни капацитети
- Анализи и истражувања
- Развивање на волонтеризам и активизам
- Собирање позитивни практики
- Менторство од ГО за ГО
- Советодавна функција
Пристапи во Коалицијата за клима
За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје
Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Членки на коалицијата


