Улогата на образованието во однос на заштитата на животната средина е препознаена во повеќе меѓународни документи и во македонското законодавство. Образованието треба да служи за унапредување на разбирањето на животната средина и одржливиот развој и да поттикне широка распространетост на подигната свест за и вклучување во одлуките што ја засегаат животната средина и одржливиот развој. Надоврзувајќи се на претходните документи што ја анализираат застапеноста на темите за животна средина во образованието, овој документ анализира колку се застапени темите за заштита на животната средина во средното образование.
https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2024/05/Zivotnata-sredina-vo-srednoto-obrazovanie.pdf