Документот „Изградбата на автопати и заштитата на животната средина“ ги сумира сите досегашни сознанија поврзани со изградбата на автопати, правната регулатива, правото во ЕУ и потребата од зелена инфраструктура. Документот за јавни политики дава конкретни заклучоци и препораки за подобрување на правната уреденост, во насока на остварување на пристапот до правда, правна сигурност и конечно вистинска заштита на животната средина преку правото како инструмент.