Кампањи

Граѓаните за подобра клима

Кампањата „Граѓаните за подобра клима“ имaше за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за влијанието на климатските промени, фокусирајќи се на медиумската едукација за климатската криза, значењето на инвестициите во чиста енергија и важноста на правото на безбедна клима во односот со основните човекови права. Кампањата повикува на поголема ангажираност и активно вклучување на секој граѓанин, како и на надлежните локални и национални власти во креирањето на одржлива иднина.

Повеќе зеленило - подобар град

Кампањата „Повеќе зеленило- подобар град“ имаше за цел да ги поттикне граѓаните и општините кон поширока примена на урбано зеленило – но и видови поотпорни на климатските промени. Ова се промовира како ефикасно решение за подобрување на микроклимата и создавање попријатна и поодржлива урбана животна средина.

Шумите го чуваат нашето здравје

Кампањата е насочена кон шумскиот сектор и надлежните институции одговорни за шумскиот фонд, со цел преку едукативни видеа и објави со прашања и одговори да ја истакне клучната улога на шумите во ублажувањето и прилагодување кон климатските промени.

Енергетска ефикасност – заштеди и ќе имаш... електрична енергија

Кампањата „Енергетска ефикасност – заштеди и ќе имаш… електрична енергија“ повикува на итна промена на навиките и одговорно користење на електричната енергија, со оглед на тоа што ресурсите се ограничени, а сметките за електрична енергија се сè поскапи. Време е да заштедиме паметно и навреме.

Енергетска трансформација преку локална климатска акција

Кампањата имаше за цел да ја истакне важноста на локалните заедници во енергетската трансформација. Преку панел дискусија со експерти на Македонскиот Енергетски Форум присутните имаа можност да слушнат за различни аспекти на енергетската трансформација- учество на локални заедници, процеси на праведна транзиција, енергетска ефикасност и  паметно планирање за зголемување на уделот на обновливи извори на енергија.

Жените како инспирација

Целта на кампањата е да едуцира и да ја подигне свеста и разбирањето кај жените, особено оние од руралните средини, за нивната улога во справувањето со климатските промени и да ги охрабри да применуваат одржливи и енергетски ефикасни решенија во секојдневниот живот.

Безбедни патеки за сите

Преку оваа кампања целевме да се подигне свеста за важноста на користење на одржливи начини на транспорт и неговата улога во ублажување на климатските промени. Преку вело натпревар и доделување награди, кампањата ги охрабри граѓаните да преземат проактивен пристап и да учествуваат во промовирање на еко-свесни транспортни практики.

Промени денес за сигурна жетва утре

Кампањата едуцираше за негативните ефекти на климатските промени врз производството на храна и ќе информира за мерките што треба да се преземат за да го прилагодат земјоделското производство на новонастанатите климатски услови.

Повеќе зеленило поубав град

Првата кампања со доделување награди имаше едукативна и наградна компнента. Вклучуваше изработка на инфографикони со примери од градови со зелена урбана инфраструктура, информации за придобивките и решенија на постојни предизвици. Наградната игра бараше од учесниците да испратат фотрафија со зелена површина во градот која исполнува критериуми на најмногу видови растенија, има отпорни и домашни видови и нуди функционална корисност. Стручно жири со професор од Шумарскиот факултет додели три награди.  

Одржливи пратики за намалување на јаглеродниот отпечаток

Втората наградна кампања имаше за цел да ги мобилизира и едуцира граѓаните за промена на секојдневните навики кон практики кои ќе придонесат кон намалени емисии на стакленички гасови. Граѓаните испраќаа фотографии и кратки видеа со кои ги прикажуваа своите секојдневни навики со намалени емисии како би поттикнале и други да го прават истото. Беа доделени 5 парични награди во различни региони и на различни примери.