Европската комисија во континуитет укажува на предизвици во однос на суштинското учество на јавноста во постапките поврзани со животната средина, а на вакви предизвици укажуваат и македонските граѓански организации. Македонија ја има ратификувано Архуската конвенција, но таа е и дел од acquis communautaire на ЕУ, која има пристапено кон Архуската конвенција и има донесено и свое законодавство за имплементација на два од нејзините три столба. Тргнувајќи оттука, овој документ преку канцелариско истражување ќе даде осврт на најважните стандарди за учеството на јавноста кои произлегуваат од Архуската конвенција.