Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.
Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.
Соопштенија
Барање за продолжување на рокот за коментирање на Предлог на закон за енергетика и Нацрт закон за обновливи извори на енергија
Почитувани, Националната коалиција за клима каде членуваат повеќе од 70 граѓански организации кои активно работат на секторите животна средина, клима, енергија, рурален развој и владеење на правото бараат да се продолжи рокот за коментирање на Предлог на закон за...
Партнерскиот однос помеѓу граѓанските организации и институциите е пресуден за носењето јавни политики од секторот животна средина и клима
Носењето на политики од јавен интерес во сите сектори, но особено во секторите од значење за заштита на животна средина и климата мора да се случува во процес во кој се вклучени сите засегнати страни, а јавноста и особено локалните заедници се соодветно информирани,...
Отворено писмо за нацрт Инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен
Почитувани,Би сакале да Ви се заблагодариме за поканата учествуваме на состаноците коипретходеа на подготовката на нацрт Инвестицискиот план за забрзана транзиција одјаглен, како и да споделиме контакти од засегнати чинители од граѓанскиот сектор.Сметаме дека рано...
Публикации
Урбаното зеленило во градот и архитектурата – зелен град
Уредувањето на просторот има големо општествено и социјално значење. Тоа ја обликува средината во која човекот опстојува и притоа влијае на системот за транспорт, инфраструктурата, развојот на сопственоста, густината на население, јавните сервиси, управувањето со...
Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година
Извештајот е подготовен врз основа на претходно развиена методологија со која четири организации (Центар за климатски промени, „Еко-свест“, Милиеуконтакт Македонија и Македонско еколошко друштво) работат на мониторинг на усогласувањето на националното законодавство со...
Стратешко управување со животната средина и климатските промени на централно ниво
Животната средина го опфаќа просторот во кој сите живи организми, вклучувајќи го и човекот, живеат и опстојуваат. Животот и функционирањето на луѓето опфаќаат искористување на медиумите на животната средина за економска или друг вид активност, притоа создавајќи...
Мисија
Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.
Визија
Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Цели
- Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
- Имплементирање на локални климатски акции
- Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
- Јакнење на интерни капацитети
- Анализи и истражувања
- Развивање на волонтеризам и активизам
- Собирање позитивни практики
- Менторство од ГО за ГО
- Советодавна функција
Пристапи во Коалицијата за клима
За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје
Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Членки на коалицијата





