Почитувани,
Националната коалиција за клима каде членуваат повеќе од 70 граѓански организации кои активно работат на секторите животна средина, клима, енергија, рурален развој и владеење на правото бараат да се продолжи рокот за коментирање на Предлог на закон за енергетика (објавен на ЕНЕР на 18.12.2023) и Нацрт закон за обновливи извори на енергија (објавен на ЕНЕР на 15.12.2023) најмалку до крајот на месец Јануари 2024.
Станува збор за суштински измени на закони кои се од значење за темите на кои работиме, меѓутоа и технички закони за кои е потребно повеќе време да се анализираат и подготват коментари.
Сметаме дека објавување на закони и спроведување на постапки за носење на политики и закони од значење за енергетскиот сектор на земјата кога поголемиот дел од граѓаните користат годишни одмори за празниците е пракса која е штетна и не овозможува суштински консултации на сите засегнати страни.
Се надеваме дека Министерството ќе ни излезе во пресрет на ова Барање.
Со почит,
Национална коалиција за клима