Животната средина го опфаќа просторот во кој сите живи организми, вклучувајќи го и човекот, живеат и опстојуваат. Животот и функционирањето на луѓето опфаќаат искористување на медиумите на животната средина за економска или друг вид активност, притоа создавајќи процеси и производи што несомнено влијаат негативно
на нашето опкружување. Би можеле да кажеме дека целта на нашето постоење е рационално и одржливо користење на природните ресурси, на начин што резултатите од ваквите процеси ќе имаат што е можно помало негативно влијание врз целокупната животна средина, што би значело и намалување на негативното влијание врз другите
организми (растенија, животни, инсекти итн.).

Организирањето на луѓето во општества подразбира и предавање на суверенитетот на државата, која како општествен конструкт има обврска да се грижи за рационално искористување и управување со природните богатства и воспоставува правила и стандарди за минимизирање на загадувањето на животната средина.

Системот за искористување и управување со животната средина во македонското општество е регулиран со Уставот и многубројните закони и подзаконски акти од областа на животната средина. Законодавството уредува повеќе стратешки документи и планови, на централно ниво, чија цел е долгорочно планирање и управување со природните ресурси и минимизирање на негативните последици.

Овој документ го анализира спроведувањето на долгорочното стратешко управување со природните ресурси и управувањето со климатските промени на централно ниво.

Прочитајте го документот во целост.