Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.
Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.
Соопштенија
Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција
Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да се решат е со активна вклученост и соработка на сите...
Еко свест во соработка со ЦКП достави коментари за ревидираниот нацрт НПЕК (март 2025)
Претставници на Еко-свест беа поканети да земат учество во работните групи за ревизија на нацрт националниот план за енергија и клима од страна на Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство. По учество на првата презентација на ревидираниот документ...
Позиции на Националната коалиција за клима на темите Енергија и Клима
На Годишната средба на Националната климатска коалиција во Скопје на 15-16 декември 2023 година беше разговарано дека поради големиот број процеси кои се случуваат истовремено во енергетскиот и климатскиот сектор, климатската коалиција треба да има позиции што ќе ги...
Публикации
Енергетска сиромаштија на агендата
Прирачникот е наменет за широка група на чинители во Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија. Енергетската сиромаштија...
Анализа на природни непогоди во Република Северна Македонија 2005 – 2023 година
Зачестената појава на екстремни временски настани и природни непогоди на глобално ниво и во нашата држава, многу истражувања го адресираат како главна последица од климатските промени. Се разбира постојат и други фактори кои не можат да се исклучат. Во нашата држава,...
Атлас на природни непогоди
Временските непогоди се настани или феномени кои се резултат на екстремни или невообичаени временски услови и тие можат да имаат значајни, а понекогаш и разорни влијанија врз заедниците и екосистемите. Климатските промени, поттикнати од човечките активности, како што...
Мисија
Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.
Визија
Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Цели
- Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
- Имплементирање на локални климатски акции
- Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
- Јакнење на интерни капацитети
- Анализи и истражувања
- Развивање на волонтеризам и активизам
- Собирање позитивни практики
- Менторство од ГО за ГО
- Советодавна функција
Пристапи во Коалицијата за клима
За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје
Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Членки на коалицијата


