Зачестената појава на екстремни временски настани и природни непогоди на глобално ниво и во нашата држава, многу истражувања го адресираат како главна последица од климатските промени. Се разбира постојат и други фактори кои не можат да се исклучат. Во нашата држава, за жал има мал број истражувања кои ја анализираат зачестеноста на овие појави, ги посочуваат регионите во кои тоа е најизразено и прават посериозна анализа на причинетите штети, особено во контекст на подготвеноста на инфраструктурата да одговори на овие услови, како и во однос на конкретните екстремни временски прилики кои се најзастапени во одреден регион, односно општина.
https://drive.google.com/file/d/1KK0YZ9RiSo2NUMoF_bpX7jUHjGqvdd3x/view