Претставници на Еко-свест беа поканети да земат учество во работните групи за ревизија на нацрт националниот план за енергија и клима од страна на Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство. По учество на првата презентација на ревидираниот документ со нас беше споделен документот кој го дискутиравме и споделивме со секретаријатот на коалицијата за клима.
Во продолжение се испратените коментари.
Еко-свест
Линија 306 Да се додаде дека мерките за субвенции не се ефикасни бидејќи не дозволуваат следење на ситуацијата по добиената субвенција и сеуште се доделуваат по принципот прв дојден прв услужен наместо критериуми за квалитетот на избраната опрема и спецификите на домот каде се дава субвенцијата.
Линија 313: според РКЕ извештаите овој процент е помал. Би било добро да се прецизира овој податок.
Линија 463 – Да се вклучи Патоказот за праведна транзиција како клучен усвоен документ во рамки на енергетската и климатската политика на Македонија.
Линија 477 Да се напомене дека СТРАТЕГИЈАТА ЗА АДАПТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АКЦИОНЕН ПЛАН е истечена во 2015г и не е ревидирана од тогаш.
Во поглевјето 2.1.1.GHG emissions and removals во табелата треба да се процени и наведе придонесот кон емисиите на стакленички гасови од хидроакумулациите од голем и среден размер, а идеално и од малите акумулации. Ова е значајно поради зголемување на температурите и зголемување на емисиите на стакленички гасови од хидроакумулациите во државата.
Линија 685 каде почнува поглавје за проценката на удел на ОИЕ во системот треба да се надополни со веќе постоечки податоци за целокупниот потенцијал во државата. Предлагаме да се искористат податоци од следната студија и резиме.
Поглавје 2.5 точка 2, печките за пелети остануваат и понатаму
PM_D1: Во релевантни документи да се додаде патоказот за праведна транзиција
PM_D4: Во планирани акции да се додаде изработката на Националниот план за адаптација исто и за PM_D5
PM D5 – Законот за урбано зеленило би требало да биде вклучен исто така, а локалните самоуправи треба да се вклучат активно во процесот
PM DM10 – во циркуларна економија треба да се вклучат повеќе чинители (на пр. Откуп на остатоци од месни индустрии за производство на храна за кучиња/добиток не се регулирани законски и оттука оневозможено е учеството во користење на отпадот)
PM_D14 – Би било корисно да се вклучат дополнителни информации за конкретните извори на финансирање и улогата на локалните власти во координацијата и мониторинг на активностите.
Линија 1055 во мерката PM_D22: Incentives Premium, Contracts for Difference потребно е да се ревидира начинот на доделување на субвенции за малите хидроцентрали. Имено, согласно препораките од Енергетската Заедница, потребно е да се видоизмени поддршката за оваа технологија бидејќи истата нема потреба од субвенции преку фид-ин тарифи. Приоритет за поддршка треба да се соларните и ветерните централи.
Линија 1067 во мерката PM_D24: Promotion of energy communities прелагаме да се прошири со поставување на фотоволтаични системи и на деградирано земјиште, освен на крововите. Дополнително, потребно е да се развијат модели за финансирање на енергетските заедници, односно да се понудат решенија и можности преку здруженијата на станари со можност за кредитирање преку комерцијалните банки, но и со субвенционирање, слично како што е дефинирано во мерката PM_EE_2.
Линија 1114 мерка PM_EE_8: Green procurements треба да ја земе предвид имплементацијата на EPD- Environmental Product Declaration особено поради важноста на градежните материјали во енергетската ефикасност и зелените набавки.
Во мерката PM_EE_11: Public awareness campaigns and network of energy efficiency (EE) info centres потребно е да се направи преглед на досега спроведени активности (како на пример калкулатор за ЕЕ) за да се избегне непотребно дуплирање на активноста. Дополнително, предлагаме во спроведување на јавните кампањи да се инволвира и граѓанскиот сектор како предлагачи на јавни кампањи и спроведувачи на одредени компоненти од истите.
Во мерката PM_ES1: Developing capacities for hydrogen production, transport, storage and use потребно е освен законска рамка да се изработи стратегија за користење водород врз база на податоци од индустријата и релната потреба од овој енергенс. Стратегијата за енергетика може да се ажурира со дополнителен, реален план за развој на оваа технологија, но со напомена дека планот не смее да биде предимензиониран, како што беше случај и на ниво на Европа туку да се базира на реални потреби и на пократок рок.
Поглавје 3.4.2 е насочено кон поддршка на трговијата и користењето на гас (фосилно гориво). Ваквите политики се во конфликт со долгорочните цели за намалување на употребата на фосилни горива.
Центар за климатски промени
- Никаде не се споменати просумерите во документот, а во моментов се во раст и
допринесуваат во енергетската транзиција и зголемувањето на употребата на ОИЕ.
- За PM_EE_2: Retrofitting of residential buildings – Буџетот е 60 пати помал за граѓаните
во споредба со PM_EE_3: Retrofitting of central government buildings и PM_EE_4:
Retrofitting of local self-government buildings. Со оглед дека енергетската сиромаштија
е висока, добро би било да се зголемат средствата во овој фонд и
субвенции/грантовите да бидат повисоки. - PM_EE_4: Retrofitting of local self-government buildings, со оглед дека поголем дел од
општините ги немаат подговтено програмите за ЕЕ, би било добро исто како
во PM_EE_3: Retrofitting of central government buildings, да се предвиди буџет за
изработка на програмите и акциски планови за реализација. Техничката поддршка и
тренинзите нема да бидат доволни, доколку не им се изработат самите пргорами за
ЕЕ. - PM_EE_10: Increased use of heat pumps, да се земе пример од општина Гази Баба и
Град Скопје, каде се бара домаќинствата кои аплицираат за субвенција да имаат
обврска да ја предадат печката со огревно дрво, за да се осигура дека ќе се постигне
посакуваниот ефект. Воедно да се напомене да се даде внимание на домаќинства
со ниски примања, да имаат 100% субвенционирање. - PM_EE_11: Public awareness campaigns and network of energy efficiency (EE) info
centres, оваа мерка е добра меѓутоа постои ризик од немање доволно стручни лица
кои ќе обездедуваат стручна помош во локалните инфо центри, особено во
помалите општини каде и сега нема кадар за животна средина. Дополнително, во
самата мерка се наведени домаќинства и комерцијален сектор, а во активностите
никаде не е напоменато како ќе се помогне на комерцијалниот сектор,
дополнително во мерката се напоменуваат и изработка на курукулими за училишта,
кои спаѓаат во секторот општини. - PM_EE_14: Enabling regulatory framework for development of new DHS, connection to
existing DHS and individual metering and billing of heat consumption (EED
requirements) Топлификација/БЕГ имаше пилот зграда во Општина Аеродром за
индивидуално мерење на топлинска енергија во секој стан, меѓутоа крајниот
резултат беше дека корисниците не беа задоволни. Причината беше дека
топлинската енергија која им се наплаќаше беше повисока од таа што им беше измерена во нивниот стан, заради загубите од топлинската подстаница до секој корисник. - PM_EE16: Regulatory instruments to promote a cleaner transport system, буџетот е
многу мал со оглед дека се очекува изградба на пешачки и велосипески патеки и
субвениции за електрични возила. Воедно, треба да се даде и насока за постоечките
возила кои ќе се заменат со електрични возила што ќе се случи со нив.