Прирачникот е наменет за широка група на чинители во Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија. Енергетската сиромаштија го засега најмалку една третина од населението во земјата доколку се следи индикаторот EU-SILC за неможноста соодветно да се загрее живеалиштето. Енергетската сиромаштија е покомплексно прашање кое се јавува како резултат на ниските приходи, но и ниската енергетска ефикасност на становите, високите цени на енергенсите и недостатокот на систематска поддршка за справување со овој предизвик.

https://www.analyticamk.org/images/2023/08/_priracnik_finall_MK.pdf