Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.
Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.
Соопштенија
Потребна е приоритизација и координација за адаптација на Македонија кон климатските промени
Светот е соочен со сериозните последици од климатските промени кои стануваат се поочигледни и се потешко да се избегнат. Земјите во развој како нашата се особено погодени поради неможноста финансиски да се справат со загубите и штетите. Токму поради тоа мораме да...
Публикации
Јаглеродниот надоместок можност за поздрава животна средина на граѓаните
Постојната правна и институционална рамка во Република Северна Македонија не ги обезбедува сите потребни услови за ефикасно и ефективно спроведување и следење на донесените мерки и политики за ублажување на климатските промени и потребно е да се преземат активности на...
Енергетската криза наспроти декарбонизацијата во РСМ
Овој документ дава краток осврт за енергетската криза од почетокот на2022 година со која се соочува Република Северна Македонија и запостојните цели, планови и стратегии за развојот на енергетиката во насока на Енергетските трендови за транзиција кон нискојаглеродна...
Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во MK
Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со...
Мисија
Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.
Визија
Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Цели
- Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
- Имплементирање на локални климатски акции
- Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
- Јакнење на интерни капацитети
- Анализи и истражувања
- Развивање на волонтеризам и активизам
- Собирање позитивни практики
- Менторство од ГО за ГО
- Советодавна функција
Пристапи во Коалицијата за клима
За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје
Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Членки на коалицијата



