Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во MK

Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Оваа цел е во тесна корелација со една од посебните цели на проектот за поттикнување учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање активности на локално ниво.

Анализата е подготвена со цел се зголеми свеста не само на граѓанските организации и пошироката јавност, чии права честопати се прекршуваат индиректно преку незапирливото уништување на животната средина, туку и на судската, извршната и законодавната власт, кои треба да имаат далеку поголема и проактивна улога во унапредувањето на состојбите во заштитата на животната средина.

Во 2022 оваа секторска анализа беше презентирана и дискутирана на јавна дебата помеѓу преставници од релевантни институции и агенции во секторот шумарство и граѓанските организации кои работат на овие теми. Дискусијата беше во насока на потребата претставници од МЗШВ да бидат суштински вклучени во изготвувањето на законите, за да се добие добра претстава и да им биде јасно кој ќе собира податоци, кои податоци ќе се прибираат и кој ќе ги изготвува и доставува извештаите.

Прочитајте го документот во целост.


    Comments

    Leave a Reply

    Your email address will not be published. Required fields are marked *