Енергетската криза наспроти декарбонизацијата во РСМ

Овој документ дава краток осврт за енергетската криза од почетокот на
2022 година со која се соочува Република Северна Македонија и за
постојните цели, планови и стратегии за развојот на енергетиката во насока на Енергетските трендови за транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата. Документот дава приказ на дел од донесените одлуки од страна на Владата на РСМ во врска настанатата енергетска криза, кратка сублимација на важечките закони од областа на енергетиката, преземените обврски, Програмата за работа на Владата на РСМ 2020-2024 година, во делот на енергетиката, Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година, и Националниот план за енергија и клима од 2020 година. Во документот ќе се даде краток осврт на Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025, која е подготвена, но не е донесена.

Целта на документот е преку приказ на определените одлуки и документи да посочи и да го постави прашањето дали преземените обврски и заложби на државата за транзиција кон нискојаглеродна економија се можни и остварливи, односно дали може да станат реалност или ќе останат мртво слово на хартија.

Прочитајте го документот во целост.