Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.
Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.
Соопштенија
Барања на екологистите за итно и неодложно одземање на криминално споената концесија за рудникот Иловица-Штука
Ние, долупотпишаните претставници на граѓанските организации за заштита на животната средина, се обраќаме јавно до државните институции кои имаат директна или индиректна надлежност за случувањата околу проектот за рудник Иловица-Штука, за да укажеме на опасната...
Нов извештај – ТЕЦ Битола е најголемиот загадувач во Западен Балкан во 2022 година
Термоелектричната централа Битола во 2022 година била најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот...
Јавна реакција и отворено писмо за измена на закони заради изградба на коридори 8 и 10д
Менување на Законот за шумите и Законот за минерални суровини во скратена постапка е штетно за заштитата на животната срединаКоалицијата за клима, надоврзувајќи се на реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, бара изменувањето на...
Публикации
Стратешко управување со животната средина на локално ниво
Животната средина го опфаќа просторот во кој сите живи организми, вклучувајќи го и човекот, живеат и опстојуваат. Секоја активност на човекот влијае на состојбата во животната средина и на другите екосистеми и организми (растенија, животни, инсекти итн.). Оттука, наша...
Дали имаме доволно гаранции дека изградбата на автопати нема да влијае негативно врз шумскиот фонд?
Владата на РСМ на 7.3.2023 година го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Групи пратеници поднесоа девет предлози за изменување закони, кои, според образложението, се неопходни за реализација на проектот. Меѓу другите беа предложени и измени на Законот...
Анализа на развојот и одржливото планирање на транспортот во РСМ од Аспект на Влијанието врз климатските промени
Анализата нa состојбата и развојот на транспортот како извор на стакленички емисии треба да претставува водич во националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните...
Мисија
Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.
Визија
Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Цели
- Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
- Имплементирање на локални климатски акции
- Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
- Јакнење на интерни капацитети
- Анализи и истражувања
- Развивање на волонтеризам и активизам
- Собирање позитивни практики
- Менторство од ГО за ГО
- Советодавна функција
Пристапи во Коалицијата за клима
За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје
Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Членки на коалицијата





