Анализа на развојот и одржливото планирање на транспортот во РСМ од Аспект на Влијанието врз климатските промени

Анализата нa состојбата и развојот на транспортот како извор на стакленички емисии треба да претставува водич во националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Оваа цел е во тесна корелација со една од посебните цели на проектот за поттикнување учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање активности на локално ниво.

Оваа анализа треба и да помогне да се зголеми свеста на граѓанските организации и пошироката јавност за можностите за развој на зелени сектори со ниско ниво на емисии, но и да се зголеми притисокот на јавноста врз институциите со цел развој на политики, програми и спроведување мерки во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

Анализата беше дискутирана на работна средба помеѓу институции и агенции релевантни за секторот и граѓански организации кои работат во секторот транспорт. Во дискусиите главно се потенцираше недостигот на достапни јавни податоци во секторот транспорт, високата корупција при регистрација на возилата и недостатокот на дологорочно планирање во овој сектор. Учесниците се согласија на заеднички став и предлози при комуникацијата на транспортот и климата со релевантните институции.

Прочитајте го документот во целост.