Животната средина го опфаќа просторот во кој сите живи организми, вклучувајќи го и човекот, живеат и опстојуваат. Секоја активност на човекот влијае на состојбата во животната средина и на другите екосистеми и организми (растенија, животни, инсекти итн.). Оттука, наша задача е негативното влијание врз животната средина како резултат на нашите активности да се сведе на минимум.
Организирањето на луѓето во општества подразбира и предавање на
суверенитетот на државата, која како општествен конструкт има обврска да се грижи за рационално искористување и управување со природните богатства и воспоставува правила и стандарди за минимизирање на загадувањето на животната средина.
Законот за животната средина ги утврдува локалните еколошки акциони планови за животна средина како механизам за стратешко и екстензивно планирање и управување со животната средина на локално ниво.