Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.

Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.

Соопштенија

Националната коалиција за клима со порака до COP30: Потребни се финансии за адаптација за најранливите земји, немаме повеќе време 

Националната коалиција за клима со порака до COP30: Потребни се финансии за адаптација за најранливите земји, немаме повеќе време 

Граѓанските организации, членки на националната коалиција за клима, на годишната средба која се одржа во Скопје на 29 и 30 ноември како клучно прашање до делегатите на 29тата конференција за клима прашаа каде ќе се насочат финансиите во наредните децении во свет со...

Климатската коалиција поднесе коментари на предлог законот за климатска акција

Климатската коалиција поднесе коментари на предлог законот за климатска акција

Во членот 6 став 2 точка 3 по зборовите „воспоставување на“ се додаваат зборовите „ефективен и ефикасен“ Во член 7 се брише точката (2), и точката (3) станува точка (2)Образложение: Во членот 4 точката 1 се дефинира дека "Ублажувањето на климатските промени преку...

Еко-свест поднесе коментари на предлог законот за енергетика

Еко-свест поднесе коментари на предлог законот за енергетика

1. Да се прегледа предлог законот за грешки во правопис и членување бидејќи создава нејаснотии На пр: чл.2.6. ‘нафтени деривари‘, чл.13(3) ‘Нацрт ланот‘, чл.103(4) ‘соодветниот операторот‘. Во предлог законот има многу англицизми (пр. ‘лајнпак‘) за кои предлагаме да...

Публикации

Пристапот до правда на засегнатата јавност во постапките за издавање дозволи за усогласување со оперативни планови

Документот има цел да направи кратка анализа на неправилно спроведување на постапката за издавање на ДУОП и пристапот до правда на засегнатата јавност, вклучувајќи ги и еколошките невладини организации во овие постапки. Земајќи го предвид „привремениот“ карактер на...

Тим ЕКО – Токсичен отпад!

Тим ЕКО – Токсичен отпад!

Еко-свест ви ја претставува третата епизода од стрипот Тим Еко, кој е посветен на темите од енергетската транзиција, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Целта на стрипот е на разбирлив и креативен начин да ги доближи овие важни концепти до пошироката...

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија

Овој бриф за политики дава осврт на итната потреба за ефективна, инклузивна и координирана комуникација за климатските промени во Северна Македонија. Документот е развиен преку партиципативен процес кој вклучуваше анкета со повеќе засегнати страни, како и национална...

Мисија

Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.

Визија

Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.

Цели

  • Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
  • Имплементирање на локални климатски акции
  • Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
  • Јакнење на интерни капацитети
  • Анализи и истражувања
  • Развивање на волонтеризам и активизам
  • Собирање позитивни практики
  • Менторство од ГО за ГО
  • Советодавна функција

Пристапи во Коалицијата за клима

За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје

Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.

НЕ. Ами Ларсон Јаин

Амбасадорка на Шведска

Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени

Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

Членки на коалицијата