- Во членот 6 став 2 точка 3 по зборовите „воспоставување на“ се додаваат зборовите „ефективен и ефикасен“
- Во член 7 се брише точката (2), и точката (3) станува точка (2)
Образложение: Во членот 4 точката 1 се дефинира дека “Ублажувањето на климатските промени преку намалување на емисиите на стакленички гасови, како и адаптацијата кон нивните непожелни ефекти, се политики, мерки и активности од јавен интерес.”. Токму затоа сметаме дека е од исклучително значење Националниот координативен совет за климатска акција постојано да работи во поширок состав за сите прашања по овој закон. Оваа точка е спротивна и на начелото на инклузивност од Чл.6 во овој закон. - Во член 8 се брише точката (1), точката (2) се менува и гласи:
(2) Советот го сочинуваат постојаните членови на Советот. Постојани членови на Советот се:
- државните секретари во органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина, енергетиката, индустриската политика, транспортот, земјоделството, шумарството, финансиите, здравството, образованието и науката, труд, социјална политика, локалната самоуправа, европските прашања, и одговорното лице за спроведување на Конвенцијата од Министерството;
- раководните лица на органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на хидрометеоролошките работи, цивилното воздухопловство, управувањето со кризи и заштитата и спасувањето:
- националниот координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија;
- претставник од Македонската академија на науките и уметностите;
- тројца претставници од стопанските комори на Република Северна Македонија, кои номинираат свои претставници на барање на Министерството;
- претставник од Здружението на единиците на локалната самоуправа кои номинираат преставник на барање на Министерството;
- тројца претставници од здруженијата на граѓани активни во сферата на животната средина и климатските промени, од кои еден e претставник на младите, кои се предлог на Коалицијата на здруженија од областа на климатска акција, кои номинираат претставник на барање на Министерството и
- одговорното лице за род и климатски промени од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на социјална политика.
Точката (6) станува точка (3).
- Во членот 15 став 1 по зборовите „до 2050 година“ се додаваат зборовите „Националната развојна стратегија“.
Во член 15 после точка (9) се додава нова точка (10) и гласи:
Исполнувањето на целите на Стратегијата и усогласеноста на секторските стратегии со Стратегијата ќе се оценува од страна на Собранието на Р.С.Македонија на јавна расправа на секои 2 години. - Во членот 19 сметаме дека треба да се дефинира како точно треба да се операционализира „вклучување на јавноста во рана фаза“ затоа што е конкретно уредено на пример во Законот за водите. Вака како што е уреден членот сметаме дека е посоодветно да оди како начело.
- Во однос на членот 38 став 6, нејасно е зошто се исклучоците
- Во членот 40 став 2 зборовите „ги прават достапни на јавноста согласно закон“ се заменуваат со зборовите „ги објавуваат на своите интернет страни веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од нивното подготвување“.
Генерален коментар: Сметаме дека сите членови во кои има „ги прават достапни на јавноста согласно закон“ треба да се изменат на овој предложен начин со цел да се избегне толкувањето дека нема обврска за јавно објавување на документите туку се прават достапни согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Целите и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Архуската конвенција е јавно објавување на документи, информации и податоци наместо да мора да се поднесуваат барања за пристап до информации од јавен карактер.
Нејасна е целта на членот 42 со оглед на тоа што во целиот закон генерално се упатува на Законот за животна средина при подготвување на документи и учество на јавноста, а тука е регулирано дека за тоа се носи посебен подзаконски акт. - Во главата 7 воопшто не е предвидено учество на јавноста во донесувањето на дозволите за емисии на стакленички гасови, пристап до информации за јавноста во постапката за донесување на дозволата, ниту пристап до правда за јавноста/засегнатата јавност. Со оглед на тоа што ИЕД и оваа дозвола опстојуваат независно, сметаме дека овие 3 аспекти треба да бидат вклучени во главата 7.
- Во дозволите за емисии на стакленички гасови да се воведат ограничувања на нивоа на емисии на стакленички гасови, затоа што без некакви ограничувања или барем етапно воведување ограничувања овие дозволи ја губат смислата, а особено и заради ETS системот чија цел е токму тоа. Ова дотолку повеќе што доколку ограничувањата на нивоата на стакленички гасови не се споменати сега во членот 74 став 5 и ако понатаму треба да се премине кон изменување на законот за да се воведат, со оглед на тоа што и овој процес за донесување на законот трае предолго, очекувано е дека измените за воведување ограничувања на емисиите би траеле уште повеќе.
Претходните поднесени коментари на линк тука.