Документот има цел да направи кратка анализа на неправилно спроведување на постапката за издавање на ДУОП и пристапот до правда на засегнатата јавност, вклучувајќи ги и еколошките невладини организации во овие постапки. Земајќи го предвид „привремениот“ карактер на ДУОП, документот има цел да укаже на типот на круцијални недостатоци што настануваат при водење постапки што се важни и поврзани со животната средина и да поттикне проактивност и вклучување на невладините организации при тестирање на системот и проактивно учество во постапките.