Учество на јавноста во урбанистичкото планирање

Овој документ за политики има цел да даде осврт за значењето на учеството на јавноста во урбанистичкото планирање како сложен процес што е поврзан со потребите на луѓето и развојот на просторот во кој живеат. Документот дава опис што претставува урбанистичкото планирање, зошто е значајно учеството на јавноста, приказ на основниот закон што ја регулира оваа област во Република
Северна Македонија, како и на тоа како се спроведуваат одредени законски решенија во практиката од аспект на учеството на јавноста.

Со оглед на фактот дека урбанистичкото планирање влијае врз животната средина, опфатени се одредени прописи што се поврзани со учеството на јавноста во областа на животната средина.

Учеството на јавноста во урбанистичкото планирање е концепт што е препознаен како значаен. Според одредбите во Законот за урбанистичкото планирање, кои се однесуваат на учеството на јавноста, може да се заклучи дека е дадено значење на концептот за учество на јавноста и предвидени се законски решенија за неговото остварување. Законите се жива материја и тие секогаш може да бидат предмет на натамошно менување и/или дополнување, во зависност од фактичкиот развој и потребите на општеството.

Прочитајте го документот во целост.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *