Климатската криза, но и пандемијата нè научија дека е потребно вклучување на сите чинители од општеството во донесувањето одлуки, бидејќи сите треба заедно да работат за да ги искоренат штетните навики и да изградат нов систем кој ќе биде солидарен и еднаков за сите.

Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Потребни ни се силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.

Соопштенија

Еко-свест со нов повик за доделување грантови за локални климатски акции

Еко-свест со нов повик за доделување грантови за локални климатски акции

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, финансиран од Владата на Шведска, објавува ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ за граѓански организации. Живееме во време...

Преглед на напредокот во реализацијата на Поглавје 27 – согледувања од граѓанскиот сектор

Преглед на напредокот во реализацијата на Поглавје 27 – согледувања од граѓанскиот сектор

Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено значајно за Поглавјето 27 со цел подобрување на состојбите во животната средина и климата. Неопходно е да продолжиме да работиме на капацитетите на граѓанските...

Изработени ЛЕАП документи за Кичево, Пласница и Македонски Брод

Изработени ЛЕАП документи за Кичево, Пласница и Македонски Брод

Со цел зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени се изработија Локални еколошки акциски планови за општините Кичево, Македонски Брод и Пласница. ЛЕАПите се изработуваа како една од главните активности на проектот...

Публикации

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија

Методологијата за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Методологијата“) претставува инструмент и водич за успешна имплементација на обврските кои произлегуваат од Законот...

Учество на јавноста во урбанистичкото планирање

Учество на јавноста во урбанистичкото планирање

Овој документ дава осврт за значењето на учеството на јавноста во урбанистичкото планирање како сложен процес што е поврзан со потребите на луѓето и развојот на просторот во кој живеат. Документот опишува што претставува урбанистичкото планирање, зошто е значајно...

Законски одредби за прашања и области корисни за работата на еколошки граѓански организации

Законски одредби за прашања и области корисни за работата на еколошки граѓански организации

За потребите на граѓанските организации во Македонија во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Владата на Шведска, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, МЗМП и...

Мисија

Локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата.

Визија

Обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.

Цели

  • Застапување за закони, стратегии и документи усогласени со климатска акција
  • Имплементирање на локални климатски акции
  • Едукација и јакнење на свеста (образовни програми, едукатори и комуникатори)
  • Јакнење на интерни капацитети
  • Анализи и истражувања
  • Развивање на волонтеризам и активизам
  • Собирање позитивни практики
  • Менторство од ГО за ГО
  • Советодавна функција

Пристапи во Коалицијата за клима

За да пристапи Граѓанска Организација во Коалицијата за клима потребно е да е регистрирана како Граѓанска Организација на територијата на Македонија и да ја пополни пристапницата и истата во оригинална форма да ја достави во канцеларијата на Еко-свест Скопје

Граѓанските организации се клучен двигател на глобалните напори за постигнување јаглеродна неутралност. Додека владите, бизнисите и академијата имаат важна улога, притисокот да се променат неодржливите практики, да се оттргнат луѓето од нивните комфорни зони и да се комуницира дека има надеж во колективната акција мора да дојде од долу нагоре, а тоа е нешто кое граѓанскиот сектор го прави најдобро.

НЕ. Ами Ларсон Јаин

Амбасадорка на Шведска

Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени

Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

Членки на коалицијата